Новиот вид на коронавирусот ја урна цената на нафтата
Новиот вид на коронавирусот придонесе да се намали цената на нафтата.
Цените имаат најголем пад во последните седум недели затоа што инвеститорите го напуштија пазарот поради тоа што мутираниот вирус откриен во Велика Британија може да доведе до уште поголемо затворање на границите низ цела Европа. Договорите за тргување со нафтата „Брент“ од Северното Море паднаа под 50 долари за барел, што е намалување за околу 6 проценти во еден момент од тргувањето, објави Блумберг. Цената на „Брент“ за испорака во февруари падна за 4,9 проценти, на 49,68 долари за барел при тргување во Лондон, откако во петокот е затворена во плус 1,5 процент. Американската сурова нафта ВТИ за испорака во јануари се намали за 5,1 процент на 46,59 долари за барел.
Вирусот цела година ја „тресе“ цената на нафтата.
