Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот универзитет почнува со работа оваа академска година

Новиот универзитет почнува со работа оваа академска година

Дел од смеровите на новиот универзитет за национална одбрана, безбедност и мир„Дамјан Груев” во Скопје,  ќе почнат да работат уште за време на оваа академска година.

Аргументите во прилог на  неговото формирање ги образложи министерот за одбрана, Зоран Јолевски,,  кој посочи дека е многу поефикасно кога на едно место се изучува цел корпус науки поврзани со безбедноста.

Пратеничката Солза Грчева реагираше дека периодот во кој се донеса одлуки за формирање два универзитети е исклучително кус.

Таа побара на пратениците да им бидат доставени имињата на членовите на Одборот за акредитација и евалуација, за, како што рече, да се види кои се тие што без да организираат евалуација на високото образование, носат два универзитета за само еден месец.

За пратеничката на СДСМ, Милева Георгиева спорно е дуплирањето на  дел од факултетите.

Мировни студии има на УКИМ, полициска академија функционира во рамките на Климент Oхридски, а нејасно е  според неа  и зошто  се отвораат медицински и  правен факултет кога тие веќе постојат.

Георгиева праша дали ваквото дуплицирање на факултетите е за ВМРО-ДПМНЕ да си ги вдоми своите партиски професорски кадри.

Слично

Поврзани вести