Новиот универзитет ќе биде само на албански јазик?
Најавата за изградба на нов универзитет во Скопје отвори жестока собраниска расправија.Иако „Мајка Тереза” беше најавен како интерналионален универзитет расправата отвори нови детали.
Според ресорниот министер Адеми наставата ќе се одвива на албански јазик а македонскиот ќе се изучува како наставен предмет. На англиски ќе има само две студиски програми-за информатика и европски студии.
Опозициската ДПА ова го нарече како уште еден договор на владините коалициски партнери и уништување на тетовскиот универзитет.
Пратениците од ДУИ пак, велат дека со нов универзитет во Скопје, Албанците ќе добијат нови можности за студирање на дефицитарни струки.
Иако законот се носи по скратена постапка во собранието, елаборатите за 14 студиски програми на новиот универзитет биле доставени до Одборот за акредитација и во октомври добиле позитивно мислење-тврди министерот Адеми.
Новиот универзитет е предвидено да има 5 факултети, градежен, економски, технолошки, како и за информатички и социјални науки.
