Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот српски патријарх близок до Вучиќ, се бореше за положбата на Србите во регионот

Новиот српски патријарх близок до Вучиќ, се бореше за положбата на Србите во регионот

Новoизбраниот српски патријарх Порфириј Периќ досега беше загребско-љубљански митрополит.

Замонашен во Високи Дечани во 1985 година, Порфирије е избран за митрополит на Загреб и Љубљана во мај 2014 година, и оттогаш се бори за подобрување на положбата на Србите во Хрватска и другите земји во регионот.

Тој беше препознаен како прв фаворит на српскиот претседател Александар Вучиќ. Порфириј е дел од редот на млади епископи во СПЦ, роден е на 22 јули, 1961 година, а после основното и средно образование, дипломирал на Православниот богословски факултет во 1986 година. Неговиот духовен татко е Иринеј Буловиќ кој исто така се најде меѓу тројцата кандидати за патријарх. Тој бил претседател и член на Советот на Републичката радиодифузна агенција во Србија. Од 2010 до  2011 година, Порфириј бил воен епископ, а потоа и координатор за соработка меѓу СПЦ и српската војска. Тој зборува англиски, германски, грчки и руски јазик. 

Слично

Поврзани вести