Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИОТ МУТИРАН ВИРУС ПОТВРДЕН И ВО ГРЦИЈА: Новата зараза од Британија се шири и на Балканот

НОВИОТ МУТИРАН ВИРУС ПОТВРДЕН И ВО ГРЦИЈА: Новата зараза од Британија се шири и на Балканот

Кај четири лица кои во Грција пристигнале од Велика Британија за време на новогодишните празници е потврден новиот мутиран вид на корона вирусот. Според наводите на Ројтерс тие се во задолжителен карантин, се до негативни тестови.

Експертите сметаат дека мутацијата која е откриена прв пат во Велика Британија кон крајот на ноември, почетокот на декември е многу позаразна, дури 75 %, но за среќа, како што велат, смртноста не е поголема.

Инаку, како и секаде во Европа, во Грција се уште се на сила строги рестриктивни мерки, односно полициски час од 21 часот навечер до 5 часот наутро, прекин на нарачките преку Интернет во малопродажните објекти и затворање на фризерските и козметичките салони.


Слично

Поврзани вести