Новиот министер Цакалотос: Грција заслужува повеќе
Новиот министер за финансии на Грција ја презеде функцијата, откако Јанис Варуфакис ненадејно поднесе оставка.
Грција покажала преку референдумот дека „заслужува повеќе“ и „не може да ја прифати неспособно решение“ на должничката криза на земјата. Тоа го изјавил новиот министер за финансии на земјата Евклидис Цакалотос.
Тој ја презеде функцијата, откако Јанис Варуфакис поднесе одеднаш оставка неколку часа по референдумот во Грција.
„Сакаме да го продолжиме дијалогот. Верувам дека некои работи во Европа можат да бидат променети“, додал уште Цакалотос.
Тој признал дека има трема, бидејќи ја презема функцијата „не во најлесен момент во грчката историја“.
Во меѓувреме Белата куќа ги повика лидерите на ЕУ и на Грција да најдат компромис за да може Атина да остане во еврозоната.
„Референдумот заврши, но нашиот поглед останува ист“, изјавил портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
Тој истакнал дека е во интерес е на двете страни да се најде решение.
САД ги повикаа двете страни да се договорат за пакетот реформи и финансирање кои ќе им овозможи на Грција да оди кон трајно управување со долгот, но и кон економски раст.
