Новиот Mercedes S-Class пристигна во Македонија
Најсовршениот автомобил како што уште го нарекуваат во светските медиуми, новата Mercedes S-Class, по прикажувањето на саемот во Франкфурт пред 10-тина дена, пристигна и во Македонија.
Автомобилот беше главната ѕвезда на вечерта и повод синоќа да собере точно 100 VIP гости од цела Македонија во просториите на Мак Аутостар. За оваа прилика, салонот на Mercedes-Benz Мак Аутостар беше целосно изменет, со цел да добие лик на луксузен клуб.
Специјален гостин на вечерта кој воедно и ги забавуваше гостите беше Масимо Савиќ. Гостите уживаа во познатите хитови на хрватската ѕвезда, како дел од целовечерната програма, која инаку беше водена од страна на познатиот актер Висар Вишка, а сето тоа беше дополнето со специјално Mercedes дизајнираната храна.

Слично