Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот градоначалник на Њујорк првата плата ќе ја добие во криптовалути

Новиот градоначалник на Њујорк првата плата ќе ја добие во криптовалути

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, рече дека ќе ја добие првата плата на своето работно место во петок, но не во долари, туку во криптовалутите Биткоин и Етерум.

Така тој уште еднаш ја покажа својата лична поддршка и желба да го направи Њујорк центар за криптовалути.

„Њуjорк е центарот на светот и сакаме овој град да биде центар на криптовалути и други финансиски иновации“, рече Адамс.

Откако неодамна беше избран за градоначалник на Њујорк, Адамс препорача криптовалутите и блокчејн технологијата да се учат во училиштата.

Во САД се води жестока битка меѓу Њујорк и Мајами за статусот на крипто престолнина.


Слично

Поврзани вести