Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот автопат официјално отворен, возачите малку ќе почекаат

Новиот автопат официјално отворен, возачите малку ќе почекаат

Автопатот од 28,2 километри Демир Капија - Смоквица денеска беше свечено отворен во присуство на владини претставници, локални функционери и странски делегации.

- Овој автопат се градеше долго поради многу тешкиот планински предел и клисурата, која ја отежнуваше работата, но еве денеска го пуштаме во употреба. Истиот има два тунели, кои ќе бидат најдолгите во Македонија - по еден километар секој од нив. Делницата значително ќе го скрати времето на патување - рече Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски во својот говор на свеченоста.

Возачите ќе може да транзитираат низ оваа траса од утре.

Инаку автопатот се градеше шест години проследено со контроверзи.

Слично

Поврзани вести