Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новини во најголемата македонска винарија! Кој ќе го води Надзорниот одбор на „Тиквеш“?

Новини во најголемата македонска винарија! Кој ќе го води Надзорниот одбор на „Тиквеш“?

Корпоративната пракса во Македонија во овие триесет и кусур години речиси и да не памети пример во кој таткото е на позиција генерален менаџер и прв оперативец, а синот е на позиција надзор и контрола над таткото. Вообичаено е обратно. Потегот на таткото и синот Јаневски е авангарден, а често промените и покрај ризиците водат кон нов квалитет. Примерот на „Тиквеш“ ќе покаже дали како и многупати досега Јаневски знаеле да носат одлуки кои во перспектива создавале нова вредност

Јане Јаневски, е назначен за претседател на Надзорниот одбор на најголемата македонска винарска визба „Тиквеш“ од Кавадарци. Јане е син на Светозар Јаневски, на местото претстедател на Надзорниот одбор доаѓа од позиција член на Управниот одбор на истата компанија. Со винарската визба раководи Светозар Јаневски, дологодишен успешен директор и косопственик на Пивара Скопје, кој по нејзината продажба на „Кока Кола“ го превзеде кавадаречки „Тиквеш“ и успешно раководи со таа голема кавадаречка компанија дваесетина години досега.

Сега, поточно од вчера, имаме ситуација во која синот Јане ќе го контролира и одобрува работењето на неговиот тактко Свето. Тоа е ретка пракса во нашата триесет годишна корпоративна историја во која вообичаено е таткото да го отстапи местото на главен оперативен менаџер или извршен директор на синот или ќерката, а тој да продолжи да биде главен во надзорот на работењето на компанијата. Такви процеси имавме на пример кај „Фершпед“ и кај „Гранит“.

Од друга страна пак, Јане Јаневски е претседател на Управниот одбор на скопската трговска компанија „Аутомакедонија“. И од тој аспект не е можно исто лице да биде на претседателско место во два управни одбори во две компании.

Како и да е, таткото и синот одлучиле потешката работа односно оперативното управување со гигантот „Тиквеш“ да продолжи да го работи таткото, а синот да ја води „Аутомакедонија“.

„Тиквеш“ е македонската винска гордост и меѓународно најпрепознатлив наш бренд во оваа индустрија. Минатата година „Тиквеш“ е убедливо најголемиот производител на вино и ракија во Македонија. Неговиот приход надмина 60 милиони евра, а годината ја заврши со добивка од 4,5 милиони евра. „Тиквеш“ лани вработуваше над 200 лица. Вреди да се истакне тоа што приходите на „Тиквеш“ растат три години по ред. Ист е трендот и кај добивката на компанијата. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести