Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИНАРСТВОТО ТОНЕ: Медиумската слобода во Македонија бележи пад!

НОВИНАРСТВОТО ТОНЕ: Медиумската слобода во Македонија бележи пад!

Според последниот извештај на меѓународната организација „Репортери без граници“ и  индексот на слободата на медиумите Македонија е рангирана на 118 место, едно подолу од лани.

Дека тоне новинарството во земјата е доказ тоа што состојбата во медиумите во годините наназад беше подобра.

Во 2013 година бевме на 116 место, што е пад за 22 места од претходната 2012 и неверојатен пад на слободите во однос на 2009 година, дури за 82 места, кога Македонија беше рангирана на 34 место.

Во извештајот исто така се образложува дека и покрај тоа што клеветата беше отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, обвиненијата се заменети со граѓански акции, со можност за тешки парични и затворски казни за новинарите и сопствениците на медиумите, а од крајот на 2014 година се поднесени најмалку 580 тужби за клевета,  а неколку десетици од нив против новинари.

На врвот на листата се наоѓаат  Финска, Холандија, Норвешка, Данска и Нов Зеланд додека на дното се: Кина, Сирија, Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја.

Слично

Поврзани вести