Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарските здруженија од Македонија и Србија заедно против екстрадиција на новинарот Божиновски

Новинарските здруженија од Македонија и Србија заедно против екстрадиција на новинарот Божиновски
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Здружението на новинарите на Србија (ЗНС) заеднички бараат од министерот за правда на Република Србија Никола Селјаковиќ, да не дозволи екстрадиција на новинарот Зоран Божиновски во Република Македонија. Делегација на двете здруженија во средата го посети Божиновски во затворот во Нови Сад, каде што ја чека одлуката за екстрадиција откако беше уапсен по потерница на македонските власти за случајот „Шпион“. ЗНМ и ЗНС се загрижени што Божиновски ја чека одлуката за екстрадиција во есктрадициониот притвор и по истекот на законскиот рок од четири месеци, како и поради обвинувањата за шпионирање и злосторничко здружување со кое го товари Македонија. ЗНМ и ЗНС стравуваат дека Зоран Божиновски во Македонија ќе нема фер судење и истакнуваат дека и Република Србија, со евентуалната одлука за екстрадиција би се компромитирала себеси пред меѓународните демократски институции. Двете здруженија истакнуваат дека екстрадицијата на Божиновски би била лоша порака за другите новинари кои ги истражуваат врските на бизнисот, политиката и криминалот, и дека Република Србија со одлука за давање политички азил на Зоран Божиновски би покажала дека го почитува правото на заштита на новинарската професија и на слободата на изразување.
Слично

Поврзани вести