Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарските организации доставија предлог за измени на Законот за медиуми

Новинарските организации доставија предлог за измени на Законот за медиуми
Новинарските и медиумски организации ЗНМ, ССНМ СЕМ, МИМ и ИКЦ денеска до Собранието го доставија предлогот на медијаторот Питер Ванхауте, за итна измена и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Иницијативата ја поднесуваме до сите пратеници на Собранието на РМ, со цел да продолжи дебатата за медиумските реформи откако пропаднаа разговорите меѓу потписниците на договорот од Пржино“ - рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ. Тој вели дека ќе останат посветени на медиумските реформи кои ќе треба да се регулираат не само со закон, туку и во пракса да се применуваат. Селмани не сакаше однапред да коментира дали пратениците ќе имаат слух по ова прашање. „Мислам дека е коректно да им дадеме малку време на пратениците да го разгледаат предлогот, и секако ќе продолжиме да лобираме во Собранието, кај пратениците и пратеничките групи. Не би сакал од сега да тргнеме со скепса дека нема да го поддржат. Ние веруваме дека ќе го поддржат. Се надеваме дека Собранието ќе го поддржи овој закон и со тоа ќе се исполни еден од условите за организирање на фер и демократски услови - рече тој. Во предлогот што го доставија, нема решение за регулација на интернет порталите.
Слично

Поврзани вести