Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарскиот синдикат го поддржува протестот на СОНК!

Новинарскиот синдикат го поддржува протестот на СОНК!
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) во духот на синдикалната солидарност го поддржува штрајкот на колегите од СОНК. „Свесни дека образованието, науката и културата се темелите на едно општество и на секоја цивилизирана заедница која сака да напредува сметаме дека проблемите со кои се соочуваат вработените во оваа гранка не смеат и не можат да бидат прашање само на струката, туку е прашање на целото општество. Уривањето на професионалното и работно достоинство како што е тоа случај со професорите од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип кои штрајкуваат со глад, не може да биде игнорирано“, стои во соопштението од ССНМ. Според новинарскиот синдикат, немањето реакција на надлежните досега за легитимните барања на професорите го прави протестот единствен начин за вршење на притисок во јавноста за остварување на работните права. Затоа ССНМ ги охрабрува колегите од СОНК здружено и заеднички да го демонстрираат несогласувањето со актуелните состојби наспроти притисоците и манипулациите со кои се соочуваат. Првите луѓе на СОНК пак, вчера рекоа де во изминатите неколку дена се соочуваат со силни притисоци за да го откажат штрајкот. Закани за отказ се вршеле преку директорите на училиштата, а раководството очекува автобусите со кои ќе доаѓаат наставниците на протест да се расипуваат и да бидат сопирани на патарините. „Анализите покажуваат сè пожестоки се притисоците врз нашите членови, кои согласно статутот на СОНК, меѓу другото имаат обврска и да излезат на јавен протест. Никој во оваа наша држава не смее да издаде никаква наредба за бојкотирање и неизлегување на јавниот протест. Имаме индиции, укажувања и кажувања дека притисоците се вршат на многу места, насекаде во сите локални амоуправи, во сите општини и тоа преку директорите. Не сакаме да излегуваме со поконкретни информации, додека не обезбедимее цврсти докази за овие притисоци. Кога ќе ги обезбедиме доказите ќе ги обелодениме. Имаме информации дека една третина од членовите нема да дојде што значи дека притисоците се жестоки, а тие ќе се засилат“, вели Јаким Неделков, претседателот на СОНК. Протестот ќе се одржи денеска на пладне.
Слично

Поврзани вести