Новинарскиот пленум ќе побара прием кај Томе Аџиев
Денеска во 12 часот членови на Новинарскиот пленум ќе побараат прием кај претседателот на Комисијата за верификација на факти Томе Аџиев.
Приемот го бараат за да го изразат својот револт поради информациите за лустрирање на нивната колешка главната уредничка на неделникот Фокус Јадранка Костова и најавите за лустрација на други новинари.
Предвидено е новинарите, со транапсренти и жолти ленти на рацете, денеска на пладне да протестираат пред МРТВ, каде што се наоѓа седиштето на лустрациската комисија.
Слично
