Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарот Кежаровски од денеска почнува да штрајкува со глад

Новинарот Кежаровски од денеска почнува да штрајкува со глад
Новинарот Томислав Кежаровски, незадоволен од односот на институциите кон него, од денеска ќе започне штрајк со глад, потврди неговата сопруга Марина Кежаровска. Кежаровски, кој беше уапсен во акцијата „Ликвидација“, веќе втор месец е во притвор, а од новинарскиот синдикат информираат дека како гаранција за ослободување од притвор и да добие можност да се брани од слобода бил понуден неговиот имот. Оттаму очекуваат до крајот на неделата Cудот да донесе одлука по ваквото барање. Кежаровски беше уапсен бидејќи „противзаконски го открил идентитетот на заштитениот сведок во текстот од 2008-та за случајот за нарачаното убиство во селото Ореше“.
Слично

Поврзани вести