Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарот Божиновски побарал дополнително време за произнесување

Новинарот Божиновски побарал дополнително време за произнесување

Новинарот Зоран Божиновски кој утрово беше изведен пред истражен судија во Основниот суд Скопје 1,  побарал дополнително време за да се изјасни по наводите во барањето за истрага.

Од Обвинителството се појавил обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал, иако, СЈО донесе решение за преземање на случајот Шпион, кој сега е на разгледување пред Апелациониот суд. За Божиновски беше определена мерка притвор од денот на неговото пронаоѓање. Постапката се води по стариот закон за кривична постапка.

Минатата недела српските власти го уапсија во Нови Сад и за само 12 часа го екстрадираа во Македонија.

Слично

Поврзани вести