Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарот Божиновски екстрадиран во Македонија

Новинарот Божиновски екстрадиран во Македонија

Новинарот Зоран Божиновски е екстрадиран во Македонија, пренесува српски Танјуг.

Министерот за правда на Србија, Никола Селаковиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на Божиновски веднаш откако судот решил дека се исполнети сите претпоставки за негово испорачување. Зоран Божиновски е уапсен вчера наутро во Нови Сад, по потерница од македонските власти за случајот Шпион. Ова е второ апсење на Божиновски во Србија. Првиот пат, во ноември 2013 година, беше уапсен во Нови Сад по потерница од Интерпол, и помина повеќе од една година во екстрадициски притвор. Тој пред три години беше пуштен на слобода и досега ја чекаше одлуката за азил од српските власти, кој не успеа да го добие.

Слично

Поврзани вести