Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарните и граѓаните на протест за ослободување на Кежаровски

Новинарните и граѓаните на протест за ослободување на Кежаровски

На нови мирни протести за да го изразат револтот од продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски, повика иницијативниот одбор за неговото ослободување. Апелот е пратен до сите новинари и граѓани да дојдат денеска во 11 часот пред Кривичниот суд.

Кежаровски останува во притвор заедно со останатите приведени во акцијата Ликвидација. Во притвор помина 60 дена, а од вчера престојот во Шутка му е продолжен за уште 30 дена.

Во знак на револт одбива храна веќе 4-ти ден. Во штрајкот со глад му се придружи и неговата сопруга.

Притворањето на Кежаровски освен македонските, на нозе ги крена и европските новинари. Поддршка и апели за ослободување стасуваат од новинарски здруженија од целиот регион и пошироко.

Слично

Поврзани вести