Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарката Анета Додевска не била на партиската листа на ОМ!

Новинарката Анета Додевска не била на партиската листа на ОМ!
Откако денеска на некои медиуми беше објавено дека Љубе Бошкоски на објавената снимка зборувал за новинарката Анета Додевска, со демант се јави Додевска. Таа за Фактор вели дека веројатно станува збор за забуна, бидејќи таа ниту некогаш била, ниту сакала да биде на нечија партиска листа. Воопшто со никого  не сум разговарала на таа тема, впрочем мојот повик е новинарството, и ниту тогаш ниту сега не гледам зошто би заминала од новинарството, вели Додевска. Некогашната водителката и уредничка на емисијата „Индекс“ на А1 телевизија, инаку сега дел од екпиата на 24 Вести, првично на својот профил на Фејсбук демантираше секаква поврзаност со таквите разговори. „Би сакала да информирам за следново: Во објавената снимка за Љубе Бошковски, тој зборува дека новинарот и водител на емисијата „Индекс“ ќе биде втор на изборната листа во ИЕ4. Никогаш, потенцирам НИКОГАШ не сум била на ничија партиска листа. Во случајов се работи за грешка односно забуна околу имињата, односно на снимката се зборува за друго лице, Анета Василева која, како што може да се види од кандидатската листа, е на второ место во ИЕ4. Во прилог ја објавувам и кандидатската листа од ИЕ4. Со ова ја демантирам веста објавена на неколку медиуми и очекувам демантот да биде објавен“, пишува Додевска. Навистина како и што може да се види од сликата подолу таа воопшто и не била на листата за која зборува Бошкоски. aneta Вчера Сител објави снимка од Јутјуб, на која Бошкоски зборува со заштитениот сведок од акцијата што се водеше против него, „Кампања“. Во Видеото Бошкоски освен за финансирање на кампањата и за името, спомена и дека некоја новинарка требало да биде на неговата кандидатска листа. Денеска некои медиуми објавија дека станувало збор за Додевска, што во случајов е очигледно неточно.
Слично

Поврзани вести