НОВИНАРИТЕ ЗА ПОЛИТИЧКАТА СИТУАЦИЈА: Заев нема отстапнина, со штитот, или на него!
Опозицијата влегува во нова рунда за делегитимирање на владеењето на Премеирот Никола Груевски. Бојкотот е и одбранбен и офанзивен механизам во битката против “тоталитарната власт во Македонија“ или “тоа е немоќна опозиција која нема друга алтернатива”, велат дел од најекспонираните новинарски аналитичари. Тие имаат разлики и околу оценките дека парламентарното мнозинство (не)може доброволно да се откаже од позицијата на власт.
Како го оценуваат бојкотот на СДСМ-коалицијата, дали Вељановски конечно ќе им го одземе мандатот на пратениците, колку кризата ќе оди во длабочина и со зафаќање на меѓуетничките односи, какви адути крие лидерот на СДСМ? За Фактор одговараат:
Јадранка Костова - Фокус, Катерина Синадиновска – Капитал, Џељал Незири – Инбокс 7 и Славица Арсова – ТВ Сител.
ОПОЗИЦИЈАТА НЕ СЕ ВРАЌА ВО ПАРЛАМЕНТОТ – РИЗИЧНО ИЛИ ЕДИНСТВЕНО РШЕНИЕ?
Костова: Го поддржувам ставот на опозицијата да не се враќа во парламентот, барем од две причини. Прво, веќе неколку пати као заземаа бетон-став, а потоа се предомислуваа. Тоа оставаше впечаток на несеризоност, пишман аџии, што создава конфузија и кај гласачите.
Второ, во оваа фаза на 100 процентна тоталитарна власт на Груевски, ќе бидат само обичен декор во законодавниот дом, уште и покајници, кои нема ништо да поместат од режимските политики. Напротив, дополнително ќе биваат исмејувани од владините пропагандисти. Да потсeтам, опозицијата имаше сосема пристојна пратеничка група до последниве избори, активна, ама тоа не го осозна пошироката јавност благодарение на „платените пропагандискички политики“. И како таква уште беше насилно исфрлена од Собранието. И уште повеќе, пратеници од ДПМНЕ тоа го оценија како „бел понеделник“ или светол ден за демократијата.
Затоа смешно е кога солзи, рози и љубици си ги оценуваат својот гооолем придонес во собраниската работа. Нивните активирања во парламентот, и на сите идни „солзи“, ги разбирам само како пуста желба да примаат плата. А тоа става знак на равенство меѓу нив административците, кои, пак, за да не ја изгубат платичката, ќе гласаат како што побарал оној што ги вработил.
Синадиновска: Изјавата на Заев дека не се враќаат во Парламентот е сосема очекувана од аспект на тоа дека тој го крена ова прашање на ниво од кое практично му зависи целата политичка стратегија. Заев просто нема друга опција освен да опстане на оваа теза. Сите месеци од изборите наваму, тој цело политичко дејствување го темели само на бојкотот. Нема друга некоја идеја, друга замисла, друг начин за исполнување на целта. Замислете да излезе сега и да каже дека се враќа во Парламентот, тоа би било политичко самоубиство. Би значело дека потрошил месеци и месеци (во кои наместо да биде внатре и да крене глас против многуте спорни законски измени и нови законски решенија донесени токму во овој период) во бојкот залудно и дека сам признава дека направил грешка. Оттука, јас не верувам во најавите дека тој и нему блиските ќе се вратат во Парламентот, тоа би било врвно дилетанство и тешко разочарување за сите кои вака или онака му дале доверба. Но, што пак ова значи – значи криза на повеќе нивоа.
Незири: Одлуката на опозицијата да се продолжи бојкотот ќе ја продлабочи политичката криза во земјата. Иако Собранието го има потребното мнозинство за нормално функсионирање, сепак бојкотот испраќа негативна слика за Македонија која најмногу ќе се одрази врз интегративните процеси во евро-атлантските структури. Во еден ваков политички амбиент, кога немаме нормална комуникација меѓу главните политички чинители, тешко е дека може да се надеваме за напредок во однос на решавање на проблемот со името, како главна пречка за влез во ЕУ и НАТО, со што застојот на земјата ќе биде забетониран во сите сфери.
Од друга страна, начинот на кој власта ја практикува демократијата не им остава друг излез на опозиционите партии освен барање избори, кои би ги спроведувал текничка влада. Одлуката на опозицијата да се продолжи бојкотот ќе ја продлабочи политичката криза во земјата. Иако Собранието го има потребното мнозинство за нормално функсионирање, сепак бојкотот испраќа негативна слика за Македонија која најмногу ќе се одрази врз интегративните процеси во евро-атлантските структури. Во еден ваков политички амбиент, кога немаме нормална комуникација меѓу главните политички чинители, тешко е дека може да се надеваме за напредок во однос на решавање на проблемот со името, како главна пречка за влез во ЕУ и НАТО, со што застојот на земјата ќе биде забетониран во сите сфери.
Арсова : Одлуката не може да се толкува поинаку освен како погрешна. Шест месеци по поразот на изборите СДСМ се комплетно невидливи- без јасна стратегија за дејствување, без посериозна активност на терен, без план Б за текот на преговорите со власта.. Повторно гледаме партиај дистанцирана не само од институциите и медиумите, туку и од самата себе и од сопствените членови, поддржувачи па дури и од сопствените на избори изгласани пратеници.
ЌЕ СЕ ПРОДЛАБОЧУВА ЛИ КРИЗАТА?
Koстова: Секако, тоа е природен тек на кризни состојби. Мора да се стигне до катарза, работите да се доведат до апсурд, за да дојдеме до моментот кога кризата, по природа на работите, ќе дојде пред разрешница. Каква, тоа е друго прашање. Кога, е тоа единствено не можам да го предвидам ...
Со оглед на тоа што опозиционерите се негативно опседнати со тоа „зошто некој рекол нешто контра кога Бранко нешто барал“, па зошто некој не бил ставен на пратеничка листа- демек трауматично политички, па дури ако не стрелаш рафално против Заев си негов платеник- што е новитет во македонската транзиција затоа што вакви бљувотки креираше партијата на власт а не опозициски незадоволници ... искрено, не очекувам ништо од опозициската коалиција. Мојата теза е дека Груевски може само сам себе си да се победи. И особено, секој мислечки човек -јавно, јасно и гласно да го артикулира своето незадоволство без алиби задскривање зад немоќната опозиција. Вељановски може да им ги одземе мандатите на опозициските пратеници само ако Груевски така одлучи. Така што, да не му даваме некаква автономност во одлучувањата на претседателот на Собранието. А таква одлука на Груевски секако не е во полза на Македонија. Што би се рекло со нивен вокабулар, не е патриотска.
Незири: Повторното враќање во Собранието, без мнозинството да ги исполни нивните барања, би значело политичка слабост и неодлучност на новото раководство на СДСМ, при што ова партија би имало внатрешни потреси кои би биле фатални за иднината на овој политички субјект.
Мислам дека парламентарното мнозинство не може доброволно да се откаже од позицијата на власт при организирање избори, од која би извлекла подобар резултат. Се ќе зависи од тоа колкава моќ и храброст има кај опозицијата за да ја натера власта да ги прифати нивните услови.
Не верувам дека одземањето на пратеничките мандати ќе биде најпосакуваната варијанта за власта. Во тој случај на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе им бидат потребни гласовите на 19-те пратеници на ДУИ, и двајцата на ЛДП и ГРОМ, за да се постигне потребното двотретинско мнозинство од 82 гласа за одземање на мандатите поединечно.
Aрсова: Тешко е да се дадат прогнози за тоа како ќе се расплете политичката криза во кој се наоѓа Македонија. Во недостаток на информации, се што би ви кажала би се базирало на шпекулации. Искуството ми вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељаноски може да постапат на многу начини па оттука не би сакала да избрзувам со коментари за тоа, дали ќе бидат прифатени оставките на СДСМ, дали пратеничките мандати ќе бидат одземени од Собранието поради шестмесечното неоправдано отсуство или пак ситуацијата ќе остане статус кво. Да не бидеме нестрпливи и да почекаме. Има уште само 5 дена.
Синадиновска: Прво, продолжување на оваа мртва атмосфера на политичката сцена, без политички дијалог, без дебата, со Парламент во којшто се глуми дека нормално се работи... Дополнително, ситуацијата во самата СДСМ е апсолутно проблем. Заев реков, нема да се врати, нема ни нему блиските, но што е со останатите? Тешко е да се глуми единство, кога сами негови пратеници даваат изјави дека се изморени од бојкот (изморени!?), дека има неколку (ама не кажуваат колку) пратеници што сакаат да се вратат, па се организираат итни средби и состаноци... Па повторно се најавуваат некакви „бомби“ што ќе експлодираат „не оваа среда, ами следниот четврток“ и вака до бескрај... Кому најмногу одговара оваа ситуација? Апсолутно на власта, којашто да се разбереме, сосема е комотна во цела оваа општествена, медиумска и домашно ама и надворешно политичка преокупација со нестабилната СДСМ и се чини, уште понестабилните нејзини партнери.
ШТО Е ИЗЛЕЗ ОД ВАКВАТА СИТУАЦИЈА?
Костова: Еднаш веќе напишав: што полошо, тоа подобро. Со ваква тоталитарна власт, ем вака хаотични ѓоа опозиционери, кои дури се сакалдисани ако не се занимавате со „Заев и Шекеринска“, единствен спас е само природно да се забрзаат работите.Се разбира, и сите кои се незадоволни од тоа каде оди Македонија, да кренат глас. Нека биде и тивко ама барем јасно!
Синадиновска: Тие тези дека власта е под притисок и дека ќе мора да прифати техничка Влада само затоа што така посакал лидерот на опозицијата се нон-сенс. Барањето за техничка Влада во овие услови никој нема да го поддржи. А за да искреира вистински услови во коишто техничка Влада би била опција, Заев очигледно нема сила. Ова доведува до дополнителна демотивација на граѓанството, на сите оние кои очајно бараат алтернатива и сакаат стабилна, сериозна и искрена стратегија која ќе умее да се спротивстави со ова што на државата и се случува на повеќе нивоа.”
Незири: По ова, ќе треба да се распишат нови избори само за празните места во Собранието, каде највероватно опозициските партии нема да излезат со листа на кандидати. Во тој случај или местото на сегачната опозиција ќа го зафати некоја лажна или проформа опозиција, или пак владините партии и ДПА би ги освоиле тие мандати. Едно вакво сценарио ќе ја продлабочи уште повеќе политичката криза, а последиците ќе ги чуствуваат обичните граѓани на Македонија.
Арсова: Излез од ќорсокакот е враќање на опозицијата во Собранието, нејзино реструктуирање, кадровско доекипирање и создавање квалитетна алтернатива на власта. Без тоа, Македонија постојано ќе биде во полтитички ќорсокак. Партите мора да разберат дека единствено граѓаните се тие кои даваат и одземаат власт и дека освен преку избори, нема пократок пат до функционерските фотелји. Од она што го гледаме како став кој политчките лидери го изнесуваат во медиумите, мој личен впечаток е дека СДСМ постави услови за да не му бидат исполнети. Иако не ги исклучувам сите варијанти, сепак тешко ми е да поверувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе си дозволи да ја згази волјата на речиси половина милион избирачи и да ја предаде власта на зелена маса.
Од друга страна, еден поглед на пратеничкиот состав на СДСМ остава впечаток дека овие луѓе се поставени на местата пратеници со намера никогаш тоа да не станат. Неискусните кадри најверојатно се само жртви на политиката на СДСМ. Бојкотот на Собранието е потег кој Заев го планираше далеку пред да ги загуби изборте.
Ако под дијалог подразбирате исто што и СДСМ, односно техничка влада, тоаш не гледам како би се водел дијалог и што е пострашно, доколку едно такво брање биде исполнето, кој ќе гарантира дека во иднина секоја партија што ќе ги загуби изборите нема да го бојкотира Собранието и да поставува барања газејќи ја волјата на граѓаните .
Горазд Чомовски

Слично