Новинарите побараа ослободување на Кежаровски и прашаа – колку чини слободата?!
Со мирен протест стотина новинари денеска го искажаа својот револт поради притворањето на колегата Томислав Кежаровски, новинар во Нова Македонија поради статија од 2008 година во која го открил идентитетот на сведок во случајот на убиство.
„Слобода за Кежаровски“, „Колку чини слободата“, „Кој е следниот за ликвидација“, беа само дел од пораките кои во знак на револт тие ги искажаа пред скопскиот суд од каде на Кежаровски му беше одредена мерка притвор од 30 дена.
За главниот и одговорен уредник на Нова Македонија, Зоран Димитровски ова е напад врз слободниот говор, проблематично е решението за притвор и смешни се изговорите на МВР дека морале да употребат специјалци за да го уапсат. Тој додаде дека мнема никаков правен основ Кежаровски да биде уапсен и против него да се поднесе кривична пријава, а единствена вина е тоа што напишал текст со кој ги разоткрил нечесните намери на полицијата во случајот со убиството во Орешани.
Поддршка на протестот даде и Синдикатот, ЗНМ, Хелсиншкиот комитет, ОПСЕ, но и новата Македонската асоцијација на новинари од каде со писмено соопштение бараат надлежните да го имаат в предвид сензитивниот карактер на ваквите случаи.
Новинарите потсетија дека нема да бидат заплашени, а случајот ќе го пријават до сите меѓународни институции.
ОБСЕ го осуди притворот на Кежаровски
За претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ, затворањето на Кежаровски за текст објавен пред неколку години има негативно влијание врз слободата на медиумите.
Мијатовиќ побара на новинарите да им биде дозволено да вршат истражувачка работа за прашања од јавен интерес и да бидат ослободени од заканата од затвор и без да бидат принудени да ги откријат своите извори.
Томислав Кежаровски е новинар на Нова Македонија, и доби 30 дена притвор за .
Слично
