Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарите од МДМ секој ден ќе протестираат поради намалените плати

Новинарите од МДМ секој ден ќе протестираат поради намалените плати

Новинарите од весниците Дневник“, „Вест“ и „Утрински“, како и на магазините „Теа Модерна“ и „Македонски спорт“ денеска излегоа на протест откако им било соопштено дека платите ќе им бидат намалени и до 30 отсто.

Менаџментот на ,,Медиа принт Македонија" поради како што велат, финансиска криза на огласна табла објавил списоци со намалени плати од 10 до 30 проценти.

Новинарите од МПМ велат дека како и денес и секој нареден ден ќе излегуваат на мирен протест.

Од самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, се револтирани што за ваквата одлука тие не биле информирани. Тие велат дека со намалувањето на платите ќе се демотивираат новинарите и тоа ќе влијае и врз квалитетот на нивната работа и врз слободата на изразување.

Слично

Поврзани вести