Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарите на протест побараа вклучување во преговорите за медиуми

Новинарите на протест побараа вклучување во преговорите за медиуми

Вклучување во преговарачкиот процес заедно со политичките партии и работите групи побараа денеска новинарите и новинарските организации.

Како засегната страна тие потенцираа дека имаат право да знаат какви решенија се носат и предлагаат за медиумската сфера.

„За нас, е неприфатливо да се зборува за новинарите и медиумите а притоа тие да не бидат вклучени во процесот.Ние имаме право да знаеме кои решенија се предложени. Бараме да ни се даде можност да се чуе и нашиот глас пред тие решенија да бидат донесени во Собранието“, изјавија дел од новинарите.

Половина час пред Клубот на пратеници, новинарите со свирежи и транспаренти „Не во наше име“ искажаа револт од тоа што се преговара за Законот за медиуми без нивно присуство.

Насер Селмани посочи дека новинарите имаат право да знаат какви Закони се носат во медиумската сфера како директна засегната страна, а да не ги добиваат информациите од страна.

Здружението на новинари смета дека игра клучна улога во овие прашања и бара директно вклучување во преговорите.

Имено, првичниот рок за измените во Законот за медиуми беше пролонгиран поради одредени несолгалсувања на политичките партии.

Четирите политички партии до петок треба направат компромис за владиното рекламирање, финансирањето на МРТ и кадровските смени, независноста на агенцијата МИА и подобрување на Законот за медиуми.

Сепак денешниот протест на новинарите ја одложи средбата на претставниците на партиите во Клубот на пратенци, а рокот е до утре.

Слично

Поврзани вести