Новинарите ќе протестираат за ослободување на Зоран Божиновски
Членови на Здружението на новинарите на Македонија на 1 септември ќе протестираат пред Основниот суд во Скопје за ослободување на новинарот Зоран Божиновски.
Токму на 1 септември е закажано првото рочиште од судењето на Божиновски.
Пред два дена, во писмо упатено до претседателот и до јавниот обвинител, Меѓународната федерација на новинари повика на итно и безусловно ослободување на Зоран Божиновски. Божиновски останува во надлежност на Јавното обвинителството, иако тој е дел предметот „Шпион“, кој со одлука на Апелациониот суд е даден во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. На рочиштето на 1 септември најверојатно ќе се појават обвинители од двете обвинителства.
Божиновски беше уапсен на 21 април по неговата екстрадиција од Србија и оттогаш е во притвор. Првиот пат, во ноември 2013 година, беше уапсен во Нови Сад по потерница од Интерпол, и помина повеќе од една година во екстрадициски притвор. Тој пред три години беше пуштен на слобода и ја чекаше одлуката за азил од српските власти.
Новинарот се товари за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
