Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарите и граѓаните ги собраа парите за казната на „Фокус“

Новинарите и граѓаните ги собраа парите за казната на „Фокус“
Вкупно 9.300 евра собраа новинарите на сметката за солидарен фонд на Здружението на новинари на Македонија, наменети за плаќање на казната на новинарите од весникот „Фокус“ во тужбата од првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Како што информираше првиот човек на ЗНМ Насер Селмани, парите во следните денови ќе бидат префрлени на сметката на „Фокус“ за новинарите да го платат надоместот за нематеријална штета одреден од судот. „Уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите новинари и граѓани кои во изминативе две недели донираа за нашите колеги. Ние како ЗНМ застанавме зад нашите колеги затоа што верувавме дека одлуката на судот беше неправедна. Никој не смее да биде казнет само затоа што професионално ја извршува својата работа. Ако некој сметаше дека со 9.000 евра ќе ги скрши новинарите, во тоа не успеа“, вели Селмани. Уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова најави дека пресудата ќе ја обжалат и пред судот во Стразбур.
Слично

Поврзани вести