Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарите и денес протестираа поради намалените плати

Новинарите и денес протестираа поради намалените плати

Новинарите од весниците Дневник“, „Вест“ и „Утрински“, како и на магазините „Теа Модерна“ и „Македонски спорт“ и денеска излегоа на протест поради намалувањето на платите.

Менаџментот на ,,Медиа принт Македонија” поради како што велат, финансиска криза на огласна табла вчера објавил списоци со намалени плати од 10 до 30 проценти.

Тие на вработените им дале нови договори за работа кои ако не ги потпишат им следува отказ.

Синдикатот на новинари пак, најави дека ќе поднесе приговор до раководството за да го потсетат дека фирмата треба да изготви програма усогласена и одобрена од синдикатот за надминување на финансиските тешкотии,во која ќе се обврзе да ги им ги врати парите на вработените после тој период.

Слично

Поврзани вести