Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинарите бараат продолжување на преговорите за медиумите

Новинарите бараат продолжување на преговорите за медиумите
Не се знае дали преговорите за реформи во медиумите ќе продолжат. Претставници на Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии, бараат средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, спикерот Трајко Велјановски и лидерите на партиите кои го потпишаа договорот од Пржино. Бараат одговори зошто пропаднаа преговорите за медиумските реформи и ги повикаа политичките лидери да го почитуваат Договорот од Пржино, во кој се предвидуваат и реформи во медиумите. „Од Груевски, Заев, Тачи и Ахмети бараме објаснување зошто пропаднаа преговорите за медиумски реформи. Дали проблем за партиите беа мачките на европскиот посредник или пак не им се допаднаа неговите предлози за системски реформи. Овие лидери, како потписници на договорот од Пржино се обврзаa да спроведат сериозни реформи во медиумите. Без овие реформи, Македонија нема да има ниту слободни, ниту веродостојни избори, а нема да излезе ниту од политичката криза“ - вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Новинарите очекуваат дека ЕУ и САД ќе бидат вклучени во разговорите. Новинарската фела бара  забрана на владини реклами, МРТ и Агенцијата за медиуми да се ослободат од контролата на власта, да се обезбеди нивно стабилно финансирање, да се намалат обврските и казните за приватните медиуми и да има поголема транспарентност на институциите.
Слично

Поврзани вести