Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИНАРИ СЕ СКАРАА, БАРААТ ВУЧИЌ ДА СЕ ТЕСТИРА: Toj одговара дека не сакаат да го гледаат жив

НОВИНАРИ СЕ СКАРАА, БАРААТ ВУЧИЌ ДА СЕ ТЕСТИРА: Toj одговара дека не сакаат да го гледаат жив

Српски новинари влегоа во расправија за тоа дали нивниот претседател Александар Вучиќ треба да се тестира откако неговиот син се покажа дека е позитивен на Ковид 19. 

Станува збор за новинарите од ТВ Пинк и Н1. 

Новинарите од Н1 велат дека Вучиќ мора да се тестира и да ги почитува мерките кои важат за сите граѓани. 

Но, нивните колеги од ТВ Пинк ги обвиниле нив дека сакаат Вучиќ да биде изолиран.

Вучиќ подоцна рече дека ако е потребно ќе се тестира. 

Од новинарот на Н1 бара да не покажува лицемерна грижа за неговото здравје, кога не знае дали имал ризични контакти. 

Тој го обвини новинарот дека е на линија на неговите политички противници кои, како што рече, уште на почетокот на март тврделе дека е готов и дека популарноста му опаѓа. 

„Нема проблем, кажете: Ни пречиш што си жив и во ред е, тоа го разбирам. Но немојте да истакнувате контрадикторни работи како аргументи, затоа што ги нема и немојте да ги прашувате лекарите за мене, туку прашајте ме мене. И немојте да кажувате дека ви е важно да ги слушате лекарите, туку дека доаѓате да ги прашате само зошто Вучиќ е ваков или онаков. Дојдете прашајте ме мене, јас ќе ви одговорам, мене не можете да ме победите со аргументи и факти“, изјави Вучиќ во Ниш. 

Тврди дека коронавирусот не може да го победи. 

Неговиот син е заразен. 

Тој е задржан на Инфективна клиника. 

Вучиќ вчера објави дека неговиот првенец Данило е во заболен. 

Слично

Поврзани вести