Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинар во притвор, новинари на протести!

Новинар во притвор, новинари на протести!
За утре за 12 часот пред кривичниот суд е закажан протест на новинарите, против притворот на нивниот колега Томислав Кежаровски.  Новинарите утре излегуваат на протест пред Кривичниот суд, во знак за поддршка на новинарот Томислав Кежаровски, кому му е одреден притвор од 30 дена за објавен текст. „Начинот на кој колегата Кежаровски е приведен со демонстрација на сила и пред неговите малолетни деца во ситуација кога тој ниту бегал ниту давал отпор и уште повеќе изречената мерка притвор од 30 дена е скандалозна и претставува директен напад не само врз колегата Кежаровски, туку врз слободното новинарство и јавниот говор во земјава. Бараме надлежните итно да ги одговорат овие прашања и да ја повлечат изречената мерка притвор за Томислав Кежаровски -пишува на поканата за протестот кој е организиран на социјалната мрежа Фејсбук. Кежаровски беше уапсен за текст од 2008 година во Репортер 92, кога ја извршувал функцијата Главен и одговорен уредник. Полицијата го приведе Кежаровски, под сомнение дека оддал информации за сведок, за кој тврди дека бил заштитен, со што го прекршил Законот за заштита на сведоци. Главниот и одговорен уредник на Нова Македонија Зоран Димитровски денеска за НОВАтв изјави дека е скандалозен притворот на Кежаровски, како и самото приведување. Според него апсењето на Кежаровски е пресметка со јавниот збор. Димитровски прашува зошто новинарот морал да заврши во притвор во услови кога постапката можела да си тече и без таа мерка.
Слично

Поврзани вести