Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новинар откри која е причината за железничката несреќа во Грција

Новинар откри која е причината за железничката несреќа во  Грција

Грчки новинар откри која е причината за железничката несреќа која се случи околу полноќ и во која загинаа над 40 луѓе.

Главниот уредник на Комотини прес, Николаос Арванитес за Н1 вели дека според неговите информации причина за денешната железниќка несреќа е системска грешка во упавување со сигнализацијата. Додава дека наведениот проблем постои неколку години.

„Официјалната причина е човечка грешка, но тоа се случи затоа што ништо не е направено на системот досега. Морам да кажам дека од 24 јануари до 4 февруари годинава синдикатите го предупредуваа министерот дека постојат проблеми. Суштината на несреќата е лошата приватизација и системска грешка во железницата“, вели Арванитес.

Новинарот рече дека од 354 лица, колку што имало патници и членови на екишажот на железницата, 194 се спасени, 42 се мртви и 85 повредени.

Тврди дека грчките железници не се во најдобра состојба и потребно е да се обноват пругите кои се стари 40-50 години.

Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради несреќата што се случи во близина на Лариса.

Слично

Поврзани вести