Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИНА ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ - Маиерхофер на местото на Љушев

НОВИНА ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ - Маиерхофер на местото на Љушев

Нов член на Одборот на директори на Македонски Телеком, со одлука на Собранието на Директори станува Андреас Маиерхофер, кој ќе има мадат од четири години, почнувајќи од 21 октомври 2025 година. 

Покрај Маиерхофер, реизбрана за член во Одборот на директори е г-ѓа Диана Анамариа Варкоњи. Таа исто така ќе биде Неизвршен член на ОД на МКТ со мандат од 4 години, почнувајќи од 25.01.2026 година. 

- Предлог за реизбор, отповикување и избор на членови на Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје.

Почитувани, Како овластен претставник на Каменимост Комуникации АД Скопје, мнозински акционер на Македонски Телеком АД – Скопје (МКТ), предлагам Собранието на МКТ, на својата следна седница: 

- да го отповика г-дин Никола Љушев од позицијата Неизвршен член на ОД на МКТ почнувајќи од датумот на седницата на Собранието, и 

- да го избере г-дин Андреас Маиерхофер на позицијата Неизвршен член на ОД на МКТ, со мандат од 4 години почнувајќи од датумот на седницата на Собранието, како замена на г-дин Никола Љушев - се посочува во документот објавен на Македонска берза. 

Според документите доставени до Македонска берза, Маиерхофер е носител на високи извршни позиции во телекомуникациски компании со искуство во бизнисот за безжична и фиксна телефонија и со широки познавања во многу области на телекомуникациските компании како што се воведување, работење и интегрирање на телекомуникациски компании во различни земји и широки познавања во управување со програми и проекти.

Маиерхофер од април 2017 до сега ја извршувал функцијата Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Т-Мобиле Полска. 

Во периодот од мај 2017 - мај 2023 бил член на Одборот на директори на Македонски Телеком. Додека пак во периодот од февруари 2014 - април 2017 бил Главен извршен директор и Извршен член на Одборот на Македонски Телеком. 

Никола Љушев беше седум години на позицијата Главен извршен директор, и како што е познато од претходно тој презема нова улога во Групацијата Дојче Телеком на проект за стратешка и оперативна трансформација на мрежата на Телеком за Европа.

Од јули годинава нов Главен извршен директор на Македонски телеком е Горан Марковиќ.


ПОВРЗАНИ ТЕМИ: 

Горан Марковиќ е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕЛЕКОМ“ - во Бордот влегува и Сашо Димитријоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации

ИНТЕРВЈУ ЉУШЕВ: Го мериме успехот според задоволството на корисниците и технолошкиот напредок

Слично

Поврзани вести