Новина во Хрватска: Цените на бензините можат да се менуваат и неколкупати во еден ден!
Од полноќ во Хрватска стапи на сила новиот Закон за пазарот на нафтени деривати, според кој државата веќе не ги регулира цените на горивата, туку тоа го прават самите компании. Цените ќе можат да се менуваат и неколкупати во еден ден!
Компаниите ќе одлучуваат за цените врз основа на трошоците, состојбата на пазарот, но и локацијата. Така, можно е горивото на автопат да го платите по една, а во центарот на градот по сосема друга цена.
Надлежните се уверени оти граѓаните нема потреба да се загрижени дека бензините одеднаш ќе поскапат, бидејќи Владата сепак ќе има начини за контрола. Но, сепак, никој не може однапред да знае како ваквата либерализација ќе се одрази на цените на нафтените деривати во Хрватска.
Она што е сигурно е дека во оваа земја горивото станува како секој друг производ, за чија цена одлучуваат понудата, побарувачката и конкуренцијата.
Слично
