Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новина – камионите за ѓубре ќе мора да се мијат на излез од депонија

Новина – камионите за ѓубре ќе мора да се мијат на излез од депонија
До крајот на март депониите ќе мора да обезбедат вода за миење на камионите за ѓубре пред тие да ја напуштат депонијата. Освен ова, јавните комунални претпријатија ќе мора да обезбедат и електрична енергија, видео надзор, ограда, физичко обезбедување и евиденција на отпадот. Ова се дел од минималните критериуми за заштита на животната средина и здравјето на луѓето, што ќе треба да ги исполнат депониите пред да профункционираат новите регионални депонии предвидени со Стратегијата за управување со отпадот, вели директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Фирус Мемед Во изминатиот период биле извршени вонредни надзори во јавните комунални претпријатија.
„Надзорот е извршен во сите Јавни комунални претпријатија без оглед дали стопанисуваат со санитарно-комунални депонии или не и истите согласно констатираната состојба се задолжени со решенија за обезбедување на минимум критериуми (вода, електрична енергија, оградување, видео надзор, евиденција на отпадот, физичко обезбедување итн.) согласно законот, во однос на управување со депониите", рече Мемед.
Дел од комуналните претпријатија сметаат дека рокот за воведување на новите стандарди е прекраток и бараат пролонгирање, но крајот на март 2014 година, е даден како краен термин за целосно исполнување.
„По завршување на роковите дадени во решенијата, нашите инспектори ќе извршат контролни надзори за реализација на задолженијата и доколку не се исполенети во целост ќе се применат законски казнени одреби", додаде Мемед.
Слично

Поврзани вести