Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови злоупотреби со „ЛИЧНИ КАРТИ“: 424 лица од Пустец незаконски гласале во Центар

Нови злоупотреби со „ЛИЧНИ КАРТИ“: 424 лица од Пустец незаконски гласале во Центар

Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска откри нови злоупотреби кои се правеле со личните карти за време на последните локални избори.

Имено Спасовски денеска соопшти дека се откриени нови фалсификати.

424 незаконски лични карти им се издадени на лица од Пустец со цел да гласаат на изборите.

Според информациите на министерот овие лица биле во Избирачкиот список и гласале во Општина Центар на локалните избори во 2013 година.

Тие не постоеле во списокот во 2011, а постепено почнал да се полни во 2013, следната 2014 се проширил и кулминација доживеал во 2015.

Лицата бил сместувани во државни станови и се воделе на иста адреса по околу 20 луѓе.

Покрај новите фалсификати, министерот Спасовски откри дека вработени во МВР признале со офицјална писмена изјава дека незаконски издавале лични карти по наредба на нивни претпоставени.

Соодветни мерки ќе бидат преземени кон лицата, вработени во МВР кои се влкучени во аферата.

Пред само седум дена Спасовски откри злоупотреби кои се правеле со фалсификувани лични карти.

Со контролата на податоците на МВР направена по случаен избор, Спасовски вели дека на незаконски начин 22 лица од Пустец добиле лични карти со кои гласале на последните локални избори.

Спасовски тврди дека едно лице воопшто не поседува лична карта, а го има на Избирачкиот список, додека кај останатите, во најголем дел од Пустец, им биле издадени лични карти иако немале документ за место на живеалиште, односно немале решение за живеалиште а живеалиштето е клучниот документ без кој не смее да се издава лична карта.

Личните карти се издадени целосно незаконски бидејќи како што вели Спасовски ниту едно лице ги намало потребните документи.

За министерот Спасовски овие злоупотреби потврдуваат дека се злоупотребени законските одредби за издавање лични карти и решение за живеалиште.

Слично

Поврзани вести