Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЖРТВИ ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Се удавиле 18 мигранти!

НОВИ ЖРТВИ ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Се удавиле 18 мигранти!

Најмалку 18 луѓе се удавиле кога во текот на ноќта потонал брод кој пловел во Егејското море накај Грција кон островот Калимнос, пренесуваат турските медиуми.

Како што известува новинската агенција „Доган“, припадниците на турската морска стража спасиле 14 лица, помеѓу кои биле Сиријци, Ирачани и Пакистанци, пренесуваат агенциите.

Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 800.000 бегалци преминале низ Средоземното море на пат кон Европа оваа година, а преку 3400 заинале патувајќи преку морето.

Слично

Поврзани вести