Нови задолжувања на Владата
Со нови 36 милиони евра денеска планира да се задолжи Министерството за финансии. Со овие пари е планирано да се обезбедат преку две одделни аукции на шестмесечни и годишни записи.
Според календарот, нема предвидено отплата на доспеани записи од претходно, што значи дека парите од задолжувањето ќе се искористат за финансирање на одредени ставки од Буџетот.
Во првиот квартал од годината буџетскиот дефицит, кој се финансира преку овие записи, достигна над 185 милиони евра, што е 64,5 отсто од планираниот дефицит за цела година.
Слично
