Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЗАБРАНИ И КАТАСТРОФАЛНА СЕЗОНА: Грците ги чека тешка зима

НОВИ ЗАБРАНИ И КАТАСТРОФАЛНА СЕЗОНА: Грците ги чека тешка зима

Коронавирусот ја уништи туристичката сезона во Грција, по што ќе следи тешка зима. 

Брзата реакција на грчката влада во март и април го сведе ширењето на вирусот на минимум. Мерките се почитуваа – се носеа маски, се одржуваше физичко растојание во супермаркетите, луѓето остануваа дома.

Министерот за развој, Адонис Георгиадис, кажа дека Грција од црна овца станала пример во Европа.

За влез во Грција неопходен е т.н. QR код, кој се користи за регистрација на патници. На почетокот на јули, многу туристи не беа информирани. Други велат дека имале проблеми да пополнат електронски образец за влез во земјата.

Грција ќе ги прошири ограничувањата на популарната туристичка дестинација на островот Миконос и крајбрежниот регион Халкидики на северот на земјата со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, објавија денеска властите за цивилна заштита, јави Ројтерс.

Ограничувањата важат од 21-31 август.

Се забрануваат забави, на сите јавни и приватни собири ќе можат да присуствуваат најмногу девет лица, а носењето маски е задолжително и во затворени и отворени простори.

Најмногу четири лица можат да седнат на иста маса во рестораните, но ако се блиски роднини може да има шест луѓе. 

Грција вчера имаше рекордни 269 нови случаи од појавата на коронавирусот во земјата на 26 февруари.

Слично

Поврзани вести