Нови вработувања во фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Македонија
80 нови работници од утре започнуваат со работа во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона Жабени, во Битола. Со ова , бројот на вработени во фабриката за автомобилски кабли, викендов треба да достигне 580 лица. Новите работници се главно со средно образование.
Според најавите, фабриката која што беше отворена на почетокот на оваа година сериозно ќе влијае на ублажување на невработеноста во пелагонискиот регион.
Фабриката на германскиот бренд „Кронберг и Шуберт“ минатиот месец започна со извоз на првите производи за автомобилските гиганти БМВ и Мини Морис.
Слично
