Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ – се бараат кандидати за дури 19 позиции, платите „примамливи“

НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ – се бараат кандидати за дури 19 позиции, платите „примамливи“

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија преку огласи бара дури 19 кандидати кои би работеле во оваа институција во идниот период. Огласите се објавени на веб страната на Агенцијата за администрација.

Се бараат заинтересирани лица кои би работеле како контролори, референт за пријави и одјави, архивар, соработник за контрола во здравствени установи, стручни соработници...

Условите кои треба заинтересираните кандидати да ги исполнат за да можат да се пријават на некој од објавените огласи се горе доле слични како и за повеќето државни функции. Се бара кандидатите да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија. 

Дополнително, потребни се:  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, активно познавање на англиски, француски или германски јазик . 

Се бара идните вработени во Фондот да имаат високо образование, но и за поголем дел од отворените работни позиции се бара работното искуство, и тоа од една па до три години.

Од огласот може да се види дека платите за се движат од 32 илјади денари нето плата месечно, па се до 43 илјади денари.

Едната позиција која ќе се пополнува е Контролор во одделение за контрола и тоа за место во Скопје. Кандидатите кои ќе сакаат да се пријават мора да имаат најмалку 2 години работно искуство, а избраниот кандидат ќе добива нето плата од 42.515 денари.

Со огласот ќе се пополнува и позицијата Референт за приајви и одјави, исто така за позиција во Скопје, а заинтересираните треба да имаат  најмалку една година работно искуство. Месечните нето исплати за двајцата кандиати кои ќе бидат примени ќе изнесуваат 33.503 денари.

Со овој оглас ќе се пополнува и позицијата Архивар, за која се бара најмлаку две години работо искуство, а платата ќе изнесува 35.769 денари.

Највисока плата ќе имаат лицата кои ќе бидат примени на позицијата републички контролор, за што се потребни две заинтересирани лица за работа. Избраните двајца кандидати ќе работат во Централата и ќе добиваат плата од 45.334 денари. За да се пријавата на огласот заинтресираните треба да имаат најмалку три годишно работно искуство.

Се бара и Стручен соработник за право од здравствено осигурување, за работна позиција во Битола. Заинтересираните кои сакаат да се пријават на огласот треба да знаат дека за оваа позиција се бара две годишно искуство во областа, и ќе добиваат месечен надомест од 41.608 денари.

Повеќе околу позициите за кои се бараат кандидати, но и условите кои треба да ги исполнат лицата на веб страната на Агенција за администрација.

Работното време за сите позиции е слично, осум часа во текот на работниот ден од понеделник до петок.

Сите кои се заинтересирани за пријавување ќе мора да забрзаат со апликациите, бидејќи огласите истекуваат за неколку дена, поточно на 18 арпвил.

По изборите има драстичен раст на огласи за вработување во државните институции. Покрај пополнувањето на разни позиции во основни училишта, се бараат лица и за во општините, но и државни институции како Фискалниот Совет, НБРСМ, Собранието, Министерството за транспорт, како и Управата за јавни приходи - УЈП, Министерство за финансии, Генерален секретаријат на Владата на Македонија...

Фактор неодамна објави дека според новиот извештај на Агенцијата за администрација е забележан остар раст на одлуките за избор на нови примени административци во 2025 година. Бројот на избрани кандидати за една година е зголемен за неверојатни 132,62 отсто.

П.О.

Слично

Поврзани вести