Нови вработувања и инвестиции – тема на средбата на Груевски со Голдстејн
Премиерот Никола Груевски попладнево оствари среда со регионалниот директор на Светска банка за Југоисточна Европа Елен Голдстејн.
Груевски на средбата истакнал дека Владата е фокусирана кон реализација на значајни инфраструктурни проекти кои ќе го стимулираат развојот на економијата и ќе обезбедат дополнителен број на вработувања.
Во таа насока се и проектот за реализација на новите автопатишта, изградба на железничката пруга кон Бугарија, процесот на гасификација на Република Македонија и други, рекол Груевски. Соговорниците се осврнаа и на повеќе други проекти од сферата на енергетиката, земјоделието и инвестирањето во системите за наводнување и изградбата на регионални патишта.
Со Голдстејн разговарале и за остварувањето на економскиот раст, како и напорите кои ги прави Владата за да го помогне истиот, и да се одржи на високо ниво со цел да биде во функција на економскиот напредок и подобрување на стандардот на граѓаните.
Соговорниците изразиле надеж за продолжување на одличната соработка, и низ партнерски однос да се работи на реализацијата на проекти кои ќе бидат од интерес за граѓаните и стимулирање на економскиот развој, информираат од владината прес-служба.
Слично
