Нови вежби на Косово најави КФОР
Кфор (меѓународните воени единици) најавија дека во наредните неколку денови ќе се одржат редовни вежби на територијата на Косово, меѓу кои и на северниот дел од земјата.
Овие вежби се планирани и редовни, се вели во соопштението на КФОР.
„Ние штом сме овде граѓаните можат слободно да се чувствуваат безбедно. Вежбаме за да можеме секогаш да бидеме спремни“, се порачува во соопштението од КФОР.
Пред само неколку дена најголемата партија на косовските Срби, реагираше на присуството на припадници на војската на Албанија во северно Косово, затоа што, според неа, појавувањето на албански војници во тој дел од земјата предизвикало вознемиреност кај локалното српско население.
КФОР одговори дека Албанија веќе неколку години е членка на НАТО и нејзините припадници, како и оние од другите земји, се дел од мисијата на зачувување на мирот во Косово.
Слично
