Нови услови за доброволен престанок на работниот однос во Македонски Телеком и Т-Мобиле
Измени во организациската структура и програма за условите за доброволен престанок на работниот однос на вработените во Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија за 2013 година усвои одборот на директори на двете компании на состанокот одржан на 11. јули.
Како што се наведува во соопштението објавено на Македонска берза, овие промени, се последица на силното конкурентно опкружување и брзата динамика на пазарните движења, кои предизвикуваат негативни трендови. Новата организација е во насока на изградба на ефикасна компанија која ќе го задржи лидерското место на пазарот, според новите правила и услови.
Дел од промените е и зголемување на ефикасноста, како и преструктуирање и оптимизација на човечките ресурси. Компаниите во соработка со Синдикатот воведоа програма за доброволен прекин на работниот однос, која е најдобро решение за реализација на новата структура.
Програмата е доброволна и исклучително поволна. Направена е врз основа на повеќе критериуми во интерес на вработениот како што се, отпремнина за години работен стаж, како и дополнителен еднократен финансиски надомест по други основи: години, старост итн.
Станува збор за најповолна програма за доброволен прекин на работниот однос во Македонија, каде максималната сума на надомест изнесува 30.000 евра. Програмата се однесува на вработените во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.
Слично
