Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови тужби против ,,Макпетрол’’ од мали акционери

Нови тужби против ,,Макпетрол’’ од мали акционери
Околу шеснаесет акционери на ,,Макпетрол’’ се придружија на кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи против раководството на компанијата. Тие велат дека целта им е да си ги остварат правата како акционери и ги повикаа и останатите вработени кои имаат акции да се придружат на тужбата. Сметаат дека компанијата ќе банкротира ако не преземат некоја решителна акција. – Поради незаконско работење и систематско уништување на нашата компанија, поднесена е кривична пријава против генералниот директор и членовите на управниот и на надзорниот одбор на „Макпетрол“, на која, според наше мислење, се чекаше премногу. Но, сепак, првпат досега, Jавното обвинителство нè повика и нас, дел од акционерите, да дадеме свој исказ за овој, за нас, многу важен случај – изјави Мира Данаилова, акционер во „Макпетрол“. Според овие акционери, компанијата во изминатите шест години изгубила 15 милиони евра и покрај тоа што приходите растеле. Тие веруваат дека на овој начин преку судска постапка ќе се заштити капиталот на компанијата, а и нивните права како акционери. Инаку, пред два месеца, МВР поднесе кривична пријава против десет членови на Управниот одбор на компанијата и осум на Надзорниот,  за незаконско прелевање на капитал од „Макпетрол“ во „Оилко“.
Слично

Поврзани вести