Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ТУРБУЛЕНЦИИ: Нафтата им се враќа на старите цени?

НОВИ ТУРБУЛЕНЦИИ: Нафтата им се враќа на старите цени?

Сировата нафта на берзите во почетокот на јуни „прескокна“ 51 долари за барел.

Со тоа е обележан и трет месец последователен раст на цените на нафтата од типот брент и WTI, а тоа е резултат на застојот во снабдевањето на нафта во Нигерија и Канада, и пад на производството во САД.

Според податоците на Светската енергетска агенција, неочекуваниот застој на снабдевање од земјите членки на ОПЕК и земји кои не се членки и организации ја намалило глобалната „испорака“ на сирова нафта.

Според очекувањата на експертите, во другата половина од годината пазарот на сирова нафта би требало значајно да се промени.

Се очекува конвергенција на понудата и побарувачката за сирова нафта, при што зголемувањето на цените е оправдано.

Двегодишната презаситеност на пазарот би требало „да оди во историјата“ под услов Саудиска Арабија значајно да не го зголеми своето производство.

Слично

Поврзани вести