НОВИ ЦЕНИ: Поскапуваат и бензинот и дизелот
Од полноќ нафтените деривати според одлуката на Регулаторна комисија ќе се точат по нови цени.
Имено, и бензинот и дизелот поскапуваат.
Бензинот поскапува за половина односно за 1 денар, а дизелот поскапува за дури 3 денари по литар.
Тоа значи дека малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и ќе се точи по 62,50 ден/литар а ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит што значи дека ќе се точи за 64,50 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Тоа значи дека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по цена од 47,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,50 ден/лит.
Овие цени ќе важат во следните две недели.
