Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЦЕНИ ОД ПОЛНОЌ: Бензинот поефтинува, нафтата не!

НОВИ ЦЕНИ ОД ПОЛНОЌ: Бензинот поефтинува, нафтата не!

Од полноќ нафтените деривати ќе се точат по нови цени.

Имено, нафтата според денешната одлука на регулаторната комисија останува со иста непроменета цена, додека бензинот поефтинува за три денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 55 денари, а ЕУРОСУПЕР 98 по цена од 57 денари. Дизелот ќе се точи по стара цена, односно по 41 денар за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство пак се зголемува за половина денар и ќе изнесува 30,00 ден/литар, додека на мазутот 14,673 денари за килограм.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот  во однос на доларот во изминатите 14 дена.

Слично

Поврзани вести