НОВИ ЦЕНИ: Нафтените деривати поефтинуваат
Нафтените деривати од денеска, поточно од полноќ ќе се точат по нови намалени цени.
Имено, бензинот поефтинува за пола, а дизелот за еден денар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе се продава за 61 денар а литар ЕУРОСУПЕР БС-98, за 63 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе се точи по цена од 42,5 денари по литар, додека цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари.
На светските берзи пак во првата недела на новата година цените на акциите остро паднаа, што е последица на слабоста на кинеската економија и тамошните пазари и падот на цената на нафтата на најниско ниво во повеќе од 10 години.
Слично
