Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови цени на горивата од понеделник

Нови цени на горивата од понеделник
Регулаторната комисија за енергетика во понеделник треба да излезе со новите цени на горивата во земјава кои најверојатно повторно ќе забележат драстичен пад имаќи го предвид движењето на цените на црното злато на светските пазари. По двонеделните пресметки кои ги прави Регулаторната комисија во земјава, како што е пракса, излегува со новите цени. Пред две недели малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) беа намалени за по неколку денари. Со драстичниот пад на цените на нафтата логично е да паднат и цените на останатите производи, а со тоа на граѓаните да им останат и повеќе пари во џеб. Дел од стопанствениците веќе прават пресметки дали имаат простор да ја спуштат цената на своите производи, за на тој начин да бидат поконкурентни на пазарот. Големите превозници пак, сметаат дека не може да направат отстапки во досегашниот ценовник бидејќи како што велат тие и сега работат на прагот на рентабилноста, иако признаваат дека пониските цени им одат во прилог, бидејќи им се намалени трошоците. Засега граѓаните го чувствуваат поевтинувањето на нафтата само на бензинските станици, иако аналитичарите оценуваат дека економиите на земјите во развој ќе имаат ќар од целата ситуација на пазарот.
Слично

Поврзани вести