Нови цени на бензинот, дизелот останува со иста цена
Во следните две недели возачите ќе точат бензин поефтин за половина денар, додека оние кои возат на дизел ќе точат по иста цена.
Регулаторна одлучи ЕУРОСУПЕР БС-95 да се продава по цена од 62 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 64 ден/лит.
Дизелот останува без промени во цената и резервоарите ќе ги полните по иста цена од 47,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,929 ден/кг и отсега тој ќе се продава по цена од 19,464 ден/кг.Овие цени почнуваат да важат од ноќеска на полноќ па се до следните две недели.
Слично
